Италијанскиот стручњак Роберто ди Матео доби отказ во Астон Вила по само 124 дена на менаџерската функција, пренесува БиБиСи. Како кандидат за нов менаџер фигурираат Стив Брус и Мик Макарти.
Челниците на екипата која минатата сезона испадна од Премиер лига и има амбиција експресно да се врати во елитното друштво, никако не можеа да бидат задоволни само со една победа на 11 натпревари и разочарувачката 19 позиција.
Ди Матео, некогашен италијански репрезентативец и фудбалер на Лацио и Челзи, како тренер беше во Милтон Кејнс Донс, Вест Бромвич, Челзи, со кој ја освои Лигата на шампиони и ФА купот, како и во Шалке.