Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СЈО и заштитените сведоци во Собрание: Се зависи од независните и ДПА

2
By Нова ТВ on October 4, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, October 4, 2016 09:22

Законот за заштита на сведоци и Законот за Специјалното обвинителство денеска се пред пратениците во Собранието кои ќе одлучуваат за потребата од измени.

Обвинителката Катица Јанева неколку пати побара од пратениците да изгласаат промени на Законот за заштита на сведоци, за СЈО да може да навлезе во сржта на предметите „Нешковски“, „Монструм“ и „Сопот“. Предлогот со измени таа го достави во Собранието уште во април.

Продолжувањето на рокот за работа на СЈО и судбината на заштитените сведоци сега зависат од гласовите на независните пратеници и албанската партија ДПА, откако ДУИ кажа дека ќе ги поддржи законите.

Талат Џафери, координатор на пратеничката група на ДУИ во интервју за НОВА изјави дека тие ќе ја дадат нивната поддршка за законите.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски пак отворено кажа дека тие нема да ги поддржат промените кои ги бара обвинителката Катица Јанева за продолжување на рокот за работа на СЈО и измена на законите за заштита на сведоци и приватноста.

Сепак, и без ВМРО-ДПМНЕ, законите може да бидат изгласани доколку за нив, заедно со СДСМ, гласаат сите независни пратеници, како и партијата ДПА.

Грчева, Буралиева, Поповска и Адили ќе ги поддржат измените кои ги бара Јанева

Независниот пратеник Зулфи Адили, и пратеничките Солза Грчева, Љубица Буралиева и Лилјана Поповска за НОВА потврдија дека тие ќе ги поддржат двата закони кои ќе влијаат врз работата на СЈО.

„Не е коректно тие да не функционираат без добар Закон за заштитени сведоци. Ако постои закон за СЈО, нека биде како што треба“, изјави Адили за НОВА.

Сличен е ставот и на Грчева, која вели дека таа јавно говорела дека рокот за работа на СЈО од 18 месеци е прекраток, уште кога се носел законот и се воспоставувала оваа институција.

„Без оглед на некоректното однесување на Катица Јанева кон пратениците, јас  ќе ги поддржам и двата закони. Можеби не ја поддржувам Јанева, но самото СЈО како институција го подржувам, да си ја заврши работата за која е формирано“, изјави Буралиева за НОВА.

Пратеничката Лилјана Поповска од ДОМ за НОВА изјави дека и таа ќе ги поддржи законите.

„СЈО не може нормално да ги заврши процесите без овие закони, мора да има заштита врз сведоците, за да не им се случи она што му се случи на Коста Крпач“, изјави Поповска за НОВА.

Пратеничката Роза Топузовска Каревска, за НОВА изјави дека таа ќе го поддржи Законот за продолжување на рокот на работата на СЈО, но се уште не знае како ќе гласа за Законот за сведоци.

„Со оглед дека се работи за СЈО и за неговото функционирање ќе ги поддржам, особено што се однесува на рокот, иако не сум за тоа да има безгранично рокови, треба да има рокови, без рок кај нас знаат да се развлечат до бескрај. Цел народ очекува да се стави веќе крај на оваа ситуација. Во овој момент се уште не знам во однос на сведоците, треба да го погледнам предлогот и потоа да донесам одлука“, вели Топузовска Каревска.

Од ДПА засега не откриваат како тие ќе гласаат и дали ќе ги поддржат промените кои ги бара СЈО. Пратеникот Имер Алиу вели дека за законите ќе се изјаснат денеска.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 24, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

ВЕСТИ June 24, 2026

Соединетите Американски Држави ја продолжија националната вонредна состојба поврзана со Западен Балкан за уште една…

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

June 22, 2026

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.