Некогашниот дефанзивец на екипата на Ливерпул и играчот со најмногу настапи за репрезентацијата на Камерун, Ригоберт Сонг, ќе продолжи да се лекува во Франција, откако по два дена во кома тој се разбудил во болницата во родниот град Јунде.
Камерунската фудбалска легенда Ригоберт Сонг се бори за својот живот
– Се разбуди од кома. Неговиот висок крвен притисок се врати во нормала а мозокот е под контрола, изјави доктор Лиус Битанг, израдувајќи ја фудбалската јавност.
Сонг има 137 настапи за Камерун а играл на четири Светски првенства и осум купови на Африканските нации во неговата 16 годишна кариера.
Во Англиската Премиер лига играше за Ливерпул и Вест Хем а фудбалските денови ги заврши во Турција со Галатасарај и Трабзонспор.