Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Можел и музичар за урбанист, ако општина Виница имала систематизација

0
By Влатко Чаловски on October 8, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, October 8, 2016 11:01

Општина Виница вработува советник за урбанизам, а потенцијалните кандидати, меѓудругото, може да имаат завршено и музичка академија. НОВА тргна по одговори од институциите дали овој критериум во огласот за јавен службеник е согласно законот или не и како би можел, да речеме, дипломиран пејач да биде ефикасен урбанист.

Во Одделенијата за урбанизам, има неколку услови кои апликантите за државни службеници треба да ги поседуваат, а покрај архитектурата и градежништвото, според раководителите во овој сектор во Виница, може да ви успее и како музичар.

Откако социјалните мрежи беа преплавени со иронични реакции за јавниот оглас на Општина Виница во кој под графата „Посебни услови“,покрај „Архитектура, урбанизам и планирање“, „Градежништво и водостопанство“ еден од условите е и „музички уметности“, НОВА се обрати до општината.

При телефонскиот разговор со објавувачот на огласот, бевме упатени одговорот да го побараме кај раководителката во Одделението за човечки ресурси, која кратко ни одговори дека огласот бил „по систематизација, со услови усогласени од Министерството за информатичко општество“ по што го прекина телефонскиот разговор.

Понатамошните контакти со надлжените во оваа општина беа оневозможени, па така, не добивме одговор на нашите прашања околу дилемите кои веќе се поставија во јавноста: дали е ова уште еден од оние огласи во кои однапред е јасно кој кандидат ќе победи. Граѓаните паметат и слични вакви огласи во државната и јавна служба, како на пример оној кога Министерството за одбрана бараше готвач со завршени студии по француска книжевност.

Нецелесен одговор добивме и од Министерството за информатичко општество и администрација бидејќи тие се одговорни да дадат согласност за објавувањето на огласите за вработување на институциите и да проверат дали се е по законот.

„Во однос на видот на високото образование за секое одделно работно место, критериуми се утврдени во членот 17 став (4) Правилникот за содржината и начинот на подготовката на актите за внатрешна организација и систематизација на работните места, како и содржината на функционалната анализа на институциите на јавниот сектор, при што е пропишано дека видот на високо образование се утврдува преку наведување на најмалку едно, а најмногу три научни полиња кои соодветствуваат на описот на работното место, содржани во меѓународната Фраскатиева класификација утврдена во Уредбата за нормативи и стандарди за основање на високообразовни установи и за вршење на високообразовна дејност“, се вели во дописот до НОВА од страна на министерството.

Тие тврдат дека во овој конкретен случај се било според актот за систематизација и министерството не сторило никаков пропуст во процедурата за давање согласност за овој оглас.

НОВАТВ се уште чека одговор на дополнителни прашања кои ги испративме до министерството каде што бараме да појаснат дали музичките уметности се едно од сродните полиња за работа како советник за урбанизам и зошто, на пример, се дискриминирани другите уметности како ликовни уметности, книжевност и други, кога веќе уметноста се смета за сродно поле од сферата на урбанизмот и градежништвото.

 

 

 

 

Министерство за информатичко општество и администрација Општина Виница урбанизам
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026
shortcut
ФОКУС
July 26, 2026Updated:July 26, 2026

Куриозитет: На 61 година го роди своето прво дете – прво па машко

ВЕСТИ July 26, 2026

Македонска двојка на 61 и 71 година за првпат стана родители, откако во болницата „Д-р…

Пред години: Скопје / 26-ти јули 1963 / 05:17

July 26, 2026

Маѓар: Унгарија го истражува кредитот од 1.000.000.000 евра за Македонија

July 24, 2026

Трамп потпиша нови царини за 60 држави – реакции од ЕУ, Австралија, Нов Зеланд

July 24, 2026
ТИКЕР

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.