Германскиот пилот на Мерцедес имаше најдобро време во квалификациите за ГН на Јапонија
Германецот Нико Розберг беше подобар од тимскиот колега Луис Хамилтон за 0,013 секунди во квалификациите и ќе стартува од пол-позицијата во утрешната трка за ГН на Јапонија. Позади двоецот на Мерцедес се најдоа Кими Раиконен и Себастијан Фетел. Розберг е водечки во генералниот пласман во Формула 1 првенството.
На пет трки во крајот на сезоната има 23 предност во однос на Хамилтон, бранител на тронот. Трката за ГН на Јапонија е утре изутрина во 07 часот по средноевропско време.