Новите сопственици на најголемиот унгарски критичен весник „Нипзабачек“ (Népszabadság) објавија дека го затвораат печатеното и електронско издание на медиумот.
Компанијата „Медиаворкс“ изјави дека супсензијата е поради финансиски загуби и дека медиумот останува затворен до „понатамошна формулација и реализација на нов концепт“.
Опозициската социјалистичка партија денешниот ден го нарече „црн ден за слободните медиуми во земјата“, а ако се суди по реакциите на социјалните мрежи, се најавуваат протести за поддршка на медиумот.
„Нипзабачек“ е унгарскиот водечки весник и најпродаваниот во земјата и продава колку сите други весници во Унгарија заедно. Тој излегува секој ден во тираж од 50 илјади примероци веќе 60 години. До пред една деценија весникот продавал и по половина милион примероци на ден, се до вивнувањето на интернетот. Скоро медиумот беше продаден, а медиумите мака мачат да откријат кој навистина стои зад оваа компанија, иако постојат сомнежи дека тоа е бизнисмен близок до власта. Овој медиуми е критичен и работеше истражувања кои обеледонија многу корупциски скандали врзани со работата на претседателот Виктор Орбан, за когошто не е тајна дека не е фан на слободниот печат.
Новинарите и другите вработени во весникот за затворањето, односно суспендирањето дознале во исто време со јавноста.