Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пандев: Уште 20 години да не дадам гол, само тимот да победувa

0
By Нова ТВ on October 8, 2016 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, October 8, 2016 19:12

Фудбалската репрезентација на Италија веќе пристигна во Скопје. Додека составот на Џампјеро Вентура леташе кон Македонија за квалификацискиот дуел во Г групата за мундијалот во 2018 година во Русија, селекторот Игор Ангеловски и капитенот Горан Пандев ги споделија впечатоците од досегашните два настапа и очекувањата од утрешниот меч.

Македонската публика има ретка можност да поздрави противник на националната арена како е Италија. Како планетарни прваци во четири наврати и континентални од пред, релиси, 50 години „азурите“ попладнево пристигнаа во Скопје. Ќе рече некој тоа е минато, тоа е историја. Меѓутоа Италијанците допатуваа во главниот град и со уште импресивен податок зад себе. Составот што моментно го предводи Вентура (го презеде од Антонио Конте по завршување на Европското првенство во Франција) не знае за пораз во 53 квалификациски средби едноподруго.

„За Италија нема потреба да се трошат премногу зборови. Сите знае каква репрезентација е, каков фудбал игра, каква фудбалска историја има. Четирикратен светски шампион што е без пораз во 53 натпревари и важи за апсолутен фаворит“, истакна македонскиот селектор Игор Ангеловски.

reprezentacija

Гостувањето на Италија, за Ангеловски е празник на фудбалот во нашата земја. Нагласи дека двете земји имаат, фудбалски, допирни точки. Како една од основните го исвои Гпоран Пандев кој подемот, славата и статусот што го градеше низ години го стекна токму таму. Одлично ги познава играчите во италијанскиот национален тим кои сами по себе се екстра мотив и за него и за колегите.

„Сакаме да ги повториме добрите страни што ги истакнавме против Израел во четврток и во истовреме да ги елиминираме лошите што ги демонстриравме. Статисти не сакаме да бидеме. Сакаме да играме и видиме до каде сме“, порача Ангеловски кој најави изведување на состав во формација 3-5-2 меѓутоа и дека не планира да направи сериозни промени во тимот.

mak

 

Искуството и присуството на Горан Пандев во оваа репрезентација на Македонија е од големо, непроценливо, значење иако капитенот не знае за гол во националниот дрес веќе подолг период. Нема постигнато осум години во квалификациски средби, а запрашан дали тоа прави одреден вид на притисок врз него, тој е категоричен.

„Головите се, секако, важни за секој напаѓач. Но, за мене лично не се приоритет. Дај боже Горан да не постигне гол уште 20 години, само Македонија да победува и се радува“, рече Пандев на средбата со новинарите.

Пандев жали за поразите во двата претходни меча во квалификациите за СП 2018 година. Вели Македонија одиграла добро и во Скадар против Албанија и во Скопје против Израел, но немала среќа да освои бодови.

„Пред нас е тежок натпревар. Доаѓа Италија за која посебни мотиви не се потребни. Одлично ќе беше ако влеземе во мечот со некој бод. Штета. Болни беа поразите и од Албанија и од Израел, среќата во финишот ни го заврте грбот. Италлијанците се фаворити утревечер, Македонија, сепак, нема што да загуби“, нагласи капитенот на националниот тим на Македонија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.