За Шведскиот артист Михаел Јохансон (Michael Johansson) тетрисот сигурно претставува најголема инспирација за неговата уметност. Јохансон собира користени предмети кои веќе го поминале својот рок на живеење и ги претвора во огромни скулптури.
Се чини дека авторот има неверојатно чуство за простор, перфектно вклопувајќи предмети со различни големини и форми во отвори за врати, прозори, и сите видови на неискористен простор.