Италијанскиот селектор се истакна како човек кој не верува дека среќата е дотолку важна во фудбалот туку, пред се, работата
На италијанскиот селектор Џампјеро Вентура сигурно му падна камен од срце по голот на Чиро Имобиле за триумф на Италија вечерва во Скопје со 3:2 во мундијалските квалификации. Македонија беше на чекор да остане непоразена во дуелот со големиот фаворит во што, сепак, не успеа на крајот. Радост на домашната публика спречи напаѓачот на Лацио за еуфорична прослава на комплетната клупа на гостинската селекција.
„Да се победи Македонија не е кој знае каква работа. Овие три бода нѝ се важни и покрај грешките што се провлекуваа во текот на средбата. Дел од нив може да се препишат на младоста иако имаше грешки и во тактиката. Се надевам дека нема да се повторат“, рече Вентура на прес-конференција по натпреварот.
Малку фалеше Италија да остане покуса за два бода од, веројатно, планираните три против Македонија. Таков исход за среќа по Италијанците беше избегнат буквално на средина од судиското продолжение.
„Не сум од оние луѓе што веруваат дека среќата е дотолку важен фактор во фудбалот. Еден сум од оние што мислат дека во фудбалот е важна работата пред се“, додаде селекторот на Италија.