Причина за санкционирање на австралискиот тенисер е неговиот однос во дуелот со Зверев на Мастерсот во Шангај
Асоцијацијата на тениски професионалци (АТП) го казни Ник Кирјос со 16.500 долари за неговото однесување во дуелот со Миша Зверев на Мастерсот во Шангај.
Австралискиот тенисер е санкциониран со максимални 10.000 долари за „недоволно залагање“, со 5.000 долари за навреди на гледачи и со 1.500 долари за неспортско однесување.
Кирјос во неколку наврати во текот на натпреварот сервираше незаинтересирано и само го префрлуваше топчето преку мрежа. Влезе во конфликт со гледач, а од судијата беше укорен за псуење. Неколку часа по настапот, тој се извини на Твитер.
Ова не е прв негов испад во кариерата. И лани во Шангај беше олеснет за 1,500 долари за пцуење и доби суспензија од 28 дена за навреди кон девојката на Стен Вавринка за време на дуел со Швајцарецот.