ФИФА апелира до нејзините членки од Европа и Азија да не поднесуваат кандидатури за мундијалот по 10 години бидејќи наредните два ќе бидат на тие континенти (СП 2018 во Русија и СП 2022 во Катар)
Северна Америка одеднаш стана силен фаворит за организација на Светското фудбалско првенство во 2026 година. Ова е заклучок по пораката на ФИФА до нејзините европски и азиски членки да не поднесуваат кандидатури за мундијалот по 10 години бидејќи наредните два ќе се одржат на нивните континенти (СП 2018 во Русија и СП 2022 во Катар).
Европа, сепак, ќе остане на готовс во случај, како што беше речено, „да ниту една од апликациите не ги исполни строгите технички и финансиски услови“. Тоа е тешко за очекување затоа што желба да биде домаќин, самостојна или заедничка со Канада и Мексико, најадија САД.
Според Сунил Џулати, член на советот на ФИФА и прв човек на Фудбалскиот сојуз на САД, ваквиот апел ја смени сликата на СП 2026. Очигледно е дека Светската Куќа на фудбалот ќе фаворизира заедничка кандидатура на три земји за организација на турнирот. Како таква би била популарна ако форматот претрпи промени и се оди на негово проширување на 40 или 48 селекции наместо досегашните 32 селекции.
Идејата за зголемување на бројот на учеснички на Светските првенства ќе се разгледува на 9 и 10 јануари во Цирих.