НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Повторно отворен и музејот на Ван Гог во Амстердам

0
By on May 2, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


По реконструкцијата на музејот на Ван Гог во Амстердам, тој е повторно отворен за публиката. Обновата траеше седум месеци. Со оглед на тоа што неодамна беа отворени реконструираните „Стеделик“ и „Рикс“, сега трите најголеми холандски и музеи работат истовремено за прв пат по многу години.

Музејот беше отворен вчера, со изложба која го прикажува начинот на работа на славниот уметник.

На изложбата е прикажана и палетата за бои што ја користел Винсент ван Гог и е позајмена од парискиот музејот „Орсеј“. Палетата ја сочувал лекарот кој се грижел за Ван Гог, последните месеци пред неговото самоубиство 1890. година.

Тој одлучил да го задржи приборот за работа на својот пациент, иако Ван Гог за време на својот живот не бил многу признаен, а успеал да продаде само неколку слики.

На изложбата се прикажани 145 слики и цртежи, меѓу најголемите атракции се двете верзии на познатите „Сончогледи“, кои се поставени од левата и десната страна на портрет познат како “Ла Berceuse”. Самиот Ван Гог оставил аманет сликите да бидат поставени токму на овој начин, иако обично се наоѓаат во три различни музеи.

Изложбата покажува дека Ван Гог, наместо самоук гениј – како што често се мисли, всушност бил исклучително вреден уметник кој напорно работел за да се усоврши, особено последните десет години пред смртта на 37 годишна возраст.

На изложбата е прикажан и процесто на работа Ван Гог, од скица на идеја до конечната слика.

Меѓу експонатите на изложбата има копии на дела од други уметници кои ги правел Ван Гог за да практикува на различни стилови и техники.

Отворањето на обновениот музеј на Ван Гог, според медиумите претставува точка на пресвртница во културната сцена на Амстердам, бидејќи неодамна беа повторно отворени и Музејот на модерната уметност „Stedelijk“ и националниот „Rijksmuseum“.

Додека „Rijksmuseum“ помина низ целосна реконструкција, која траеше десет години и со многу пробивања на планираниот буџет, музејот на Ван Гог помина поскромно- подобрени се системите за противпожарна заштита и за безбедност, а реставрирани се и некои делови од ентериерот.

Музејот на Ван Гог, годишно привлекува околу еден милион посетители и е познат по долгите редици. Тој е сега воспостави и нов систем на резервација преку интернет, која треба да придонесе за решавање на проблемот на бескрајното чекање во редица.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Над 11.500 пријави за неправилности на грчките плажи преку апликацијата „MyCoast“

August 20, 2025

Авиокомпанијата „Луфтханза“ ќе ги одржува летовите Скопје – Франкфурт цела зимска сезона

August 20, 2025

Во Шпанија над илјада смртни случаи поради жештините

August 20, 2025

Историскиот центар на Истанбул ќе стане пешачка зона

August 19, 2025

Италија воведе нови, високи казни против фрлањето ѓубре на јавни места, ќе важат и за туристите

August 19, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.