Уште од утрово со стотици автобуси од цела Македонија илјадници членови и симпатизери на ВМРО ДПМНЕ пристигнаа во Скопје за да присуствуваат на собирот во салата „Борис Трајковски“, јавува новинарката на НОВА, Маја Јовановска.
Зборното место е во близина на Градскиот парк, од каде што ќе се упатат кон салата Борис Трајковски. На чело на колната се министерот за здравство и вицепремиер Никола Тодоров , градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, Даниел Рангелова претседателка на Унија на жени на ВМРО ДПМНЕ и голем дел на функционерите од вториот ешалон на партијата.
Од изутрина главниот град е целосно блокиран поради автобусите кои пристигна од другите градови, што создаде хаос во сообраќајот иако е неработен ден.
Мобилните сендвичари се присутни, а симпатизерите можат да се снабдат и со шалчиња и знамиња на лице место пред салата каде што ќе се одржи собирот.
Овој собир е завршница на дводневните панел дискусии кои се одржаа во МОБ, во организација на владеачката партија.