Премиерот на Ирак, Хајдер ал Абади синоќа ја започна офанзивата за ослободување на Мосул од рацете на ИСИС.
„Најмили наши во провинцијата Нинева, заѕвони ѕвончето на победата и операциите за ослободување на Мосул почнаа“, рече тој. „Денеска го најавувам почетокот на овие херојски операции за да ве ослободиме од бруталноста и тероризмот на ИСИС. Со божја волја, ќе се сретнеме наскоро на тлото на Мосул, каде што сите ние ќе го прославиме ослободувањето и вашата слобода“.
Според „Ал Џезира“ курдските борци презеле контрола врз седум населени места во околината на ирачкиот град.
Американските воени експерти анализираат дека офанзивата за ослободување на Мосул од Исламската држава би можела да трае неколку недели.
– Борбата ќе биде долга и тешка, но Ирачаните се подготвени и ние ги поддржуваме, истакна генерал-полковникот Стивен Таунзенд, кој е нов командант на коалицијата предводена од САД во борба против џихадистите.
Коалицијата досега обучила и вооружила над 54.000 ирачки војници.
Првиот човек за хуманитарни работи при ОН, Стивен О’Брајан, оваа војна може да го загрпзи животот на над 1.5 милони луѓе. Според него, во најлошо сценарио „еден милион луѓе може да бидат принудени да ги напуштат своите домови“.
Мосул е под контрола на ИСИС од 2014 година.




