Забрана за одржување на концерти или било какво манифестации на стадионите во Русија на кои ќе се играат натпревари на СП 2018. Вака гласи новото правило на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) објавено денеска.
Тоа, како што стои во соопштението, ќе стапи на сила на два месеца до почетокот на мундијалот со цел тревата да биде во што подобра состојба за репрезентативните дуели. Планирано е притоа да се лимитира и бројот на клупски настапи н 12. стадиони.
Ова доаѓа по реакциите на Дидие Дешамп на концертот на рок групата АЦ/ДЦ на „Велодром“ во Марсеј што беше организиран на неколку недели пред Европското првенство во Франција. „Триколорите“ на тој стадион играа со Албанија на што францускиот селектор нагласи дека подлогата била во лоша состојба токму поради споменатиот настан.