Јувентус пристигна во Лион каде утревечер ќе игра против Олимпик Лион во во натпревар од третото коло во групата Х во Лигата на шампиони. Тренерот Масимилијано Алегри нема да смета на Италијанците Кјелини и Маркисио и Хрватот Манџукиќ за дуелот во Франција. Тројцата останаа во Торино за што потврда дојде и од клубот.
„Состојбата со Кјелини се следи, Маркисио продолжува да работи по планот, а Манџукиќ им повреда на мускулот. Сите тројца не отпатуваа со клубот“, вели вели во веста.
Дел од екипата е 16 годишниот талентиран играч Моисе Кин кој се придружи кон напаѓачите Игуаин и Дибала за мечот со Олимпик Лион.