Хилал Судани е номиниран во изборот за најдобар африкански фудбалер на годината. Алжирецот летото настапи за Динамо Загреб во домечот со Вардар во квалификациите за Лигата на шампиони.
Судани е дел од клубот од „Максимир“ од 2013 година. Претходно, во две сезони, го носеше дресот на Виторија Гимараеш во Португалија.
Друштвото е навистина угледно и самата номинација на Судани претставува голема чест. Во трка за ласкавото признание, меѓудругите, се најдоа Мехди Бенатија од Јувентус, Пјер Емерик Обамејанг од Борусија Дортмунд, Мохамед Салах од Рома и Ријад Марез од Лестер.