За наградата „Стефан Едберг“ конкурираат Швајцарците Роже Федерер и Стен Вавринка, Шпанецот Рафаел Надал и Британецот Енди Мареј
Наградата „Стефан Едберг“ е наменета за фер-плеј во тенисот за сезооната што изминува. Асоцијацијата на тениски професионалци (АТП) сооопшти дека за неа за 2016 година се номинирани Швајцарците Роже Федерер и Стен Вавринка, Шпанецот Рафаел Надал и Британецот Енди Мареј. Но, не и Новак Ѓоковиќ. Признанието во минатото 11 пати го понесуваше Федерер.
За „Повратник на годината“ конкурираат Хуан Мартин дел Потро од Аргентина, Германецот Флоријан Маер, Французинот Жилиен Бенето и Хрватот Иво Карловиќ. Ова признание се додели на тенисери што успеале да се вратат во врвот на тенисот по рехабилитација од тешки повреди. За прв фаворит важи Дел Потро кој освои сребрен медал на олимпискиот турнир во Рио.
Во игра за наградата „теннисер со најголем напредок“ се Германецот Александер Зверев, Австриецот Доминик Тим, Лука Пуј од Франција и Даниел Еванс од Велика Британија. Од оваа година се воведува и наградата „тренер на годината“ за чиј добитник ќе одлучуваат самите тие.
Гласањето оди на интернет страницата на АТП и ќе трае до 7 ноември.