Рафаел Надал објави крај на сезоната, малку одмор и почеток со подготовки за наредната. За ваквата своја одлука Шпанецот ја запозна јавноста прекку социјалните мрежи.
„Не е тајна дека настапив во Рио де Жанеиро иако не бев целосно опоравен од повреда. Но, моја цел беше да се натпреварувам и да освојам злато за Шпанија. Таа избрзана рехабилитација скапо ме чинеше од тогаш. Имам болки и принуден сум да ја прекинам сезоната“, напиша Надал.
Шпанија во оваа пригода упати извинување до организаторите на сите турнири за кои беше пријавен да настапи до крајот на годината.
„Жал ми е што нема да играм во Базел наредната недела. Од тој турнир носам прекрасни спомени. Лани играв и финале со Федерер. Нема да бидам во можност да настапам и во Париз каде организаторите и публиката секогаш убаво ме дочекуваат. Време е за одмор, потоа и подготовки за наредната година“, порача Шпанецот.
Надал во пораката не го спомена завршниот турнир во Лондон. Шпекулациите се дека истото се однесува и за тој настан, па дури и ако успее да остане меѓу осумте најдобри на АТП листата.