НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СЈО побара одземање на пасошите за две лица за случајот Тендери

1
By Нова ТВ on October 21, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Специјалното јавно обвинителство поднесе предлог до Основниот суд Скопје 1 за определување на мерка претпазливост – одземање патни исправи за две осомничени лица во врска со истрагата за предметот „Тендери“, соопшти СЈО.

За истите две лица е побарана и мерка претпазливост – еднаш неделно, секој вторник во 10 часот да се јавуваат кај определено службено лице во Судот.

– Во текот на вчерашниот ден до Основниот суд Скопје 1 – Скопје, а во врска со истрагата во предметот „Тендери“ поднесен е предлог за определување на мерки за претпазливост за две осомничени лица, со кои е побарано од Судот осомничените лица да се јавуваат еднаш неделно – секој  вторник во 10:00 часот кај определено службено лице во Основниот суд Скопје 1 Скопје.

Воедно, за двете осомничени лица побарано е определување и на мерка претпазливост одземање на патна исправа, поради постоење на околности кои упатуваат на опасност од бегство, се вели во соопштението од СЈО.

СЈО вчера започна истрага за два случаи, “Топ лик“ и „Тендери“ за склучување договори меѓу министерства и приватни фирми за злоупотреба на службената положба и нанесување штета на државниот буџет.

Случајот „Тендери“ е за склучување договор меѓу Министерството за култура и ГТД  „Бетон Штип“ од Штип за извршување завршни градежни работи на Музејот на ВМРО во периодот од 2001 до 2013 година, во вредност од 54.501.336 денари. Првоосмничено е раководното лиде во Министерството и тројца членови на тамошната комисија за јавни набавки.

Министерката за култура Елизабета Канческа Милеска која во тој период го раководи ова Министерство вчера на прес конференција рече дека случајот е „чист како солза“, а обвинувањата од СЈО ги нарече „рекла казала“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.