Вардар останува лидер во фудбалското првенство на Македонија. Бранителот на титулата ја совлада Шкендија со 2:о и повторно се одвои на плус пет бода од тетовци на врвот на табелата. Стрелци на головите беа Стефан Спировски во 36 минута и Бобан Николов во 74 минута. Шкендија во среда ќе игра и со Шкупи во меч од второто коло што беше одложен поради обврските на тетовци во Лига Европа.
Работнички го совлада Шкупи со 3:1 на арената „Филип Втори“. Душко Трајчевски во 45 минута, Филип Ивановски во 53 минута и Суад Сахити во 58 минута погодија за домашната екипа, Мустафа Ламбин во 89 минута успеа само да го ублажи поразот на чаирчани. Работнички сега е на бод од второпласираната Шкендија која има и натпревар помалку.
Идентичен резултат и на стадионот во Ѓорче Петров каде Македонија беше пподобра од Ренова. Еден гол за „црвено-жолтите“ постигна Трајче Стојковски во 45 минута на кого во продолжението, со два, се надоврза Ален Јашаровски. Напаѓачот на ѓорчепетровци беше прецизен од белата точка во 62 минута, подоцна и од игра во 88. Единствениот за составот од Џепчиште го реализира Арџент Гафури во 49 минута.
Останатите два натпревара завршија без победник. Победа и Силекс ремизираа (1:1) во Охрид. Дејан Цветаноски донесе водство за прилепчани во 47 минута, Валмир Јонузи израмни за кратовци во 83.
Голови немаше само во Кочани на мечот меѓу Брегалница и Пелистер по што штипјани паднаа на последната позиција на табелата.
Прва лига
Резултати, 11. коло
Шкендија – Вардар 0:2
Работнички – Шкупи 3:1
Победа – Силекс 1:1
Македонија Ѓ.П. – Ренова 3:1
Брегалница – Пелистер 0:0
Табела: Вардар 25, Шкендија 20 (-1 меч), Работнички 19, Пелистер 16, Ренова 15, Силекс 11, Шкупи 10 (-1), Победа 10, Македонија Ѓ.П. 9, Брегалница 8.