За пласманот на европското првенство во Полска во 2017 година, младите фудбалски репрезентативци на Македонија ќе добијат 230.000 евра. Вака реши управнот одбор на Фудбалската федерација на Македонија на денешната седница во Скопје. Сумата, како како можност се најавуваше и претходно, е повисока за 30.000 евра од првично ветените.
„Настапот на репрезентацијата во квалификациите за ЕП 2017 беше нешто навистина посебно. Фудбалерите одиграа со срце и покажаа желба за победа, па затоа и не беше тешко да ја договориме паричната награда. Клучно е што репрезентативците го покажаа на терен. Покажаа дека со квалитетот припаѓаат меѓу најдобрите во Европа“, порачуваат од ФФМ по обелоденување на премијата.
Со ова, вкупната награда за репрезентацијата за играчи до 21 година достигна 300.000 евра. Разликата (70.000 евра) е од македонската Влада, одлука што премиерот Емил Димитриев им ја соопшти на фудбалерите при приемот на ден по победата над Шкотска.