НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хајка и притисоци врз наставници и ученици во ОУ„Елпида Караманди“

0
By Менче Атанасова Точи on October 28, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Невидена хајка и притисоци кон наставници, ученици и родители се случува деновиве во битолското училиште „Елпида Караманди“, говорат информациите до кои дојде НОВА. Дознаваме дека  откако НОВА ја објави сторијата за лошите услови во ова училиште, директорката Емилија Николовска Спировски го обвинувала секој што и е сомнителен барајќи го кртот кој ги доставил фотографиите од фискултурната сала која е во распаѓање и катастрофалната состојба во тоалетите. Нашите извори велат дека хајката зема сериозни димензии.

„Кон една од најдобрите наставнички се води вистинска војна обвинувајќи ја дека таа стои зад објавувањето на фотографиите. На една ученичка која го постирала линкот со текстот на НОВА на социјалната мрежа Фејсбук и се закануваат со укор и ја малтретираат со закани. Од преплашеното девојче бараа да и се извини на директорката бидејќи многу ја навредила со тоа, велат извори за НОВА, чиј идентитет нема до го објавиме заради можни реперкусии.

Притисоци имало и кон некои родители и граѓани кои се сериозно загрижени за состојбата на училиштето и како што велат, крајно деструктивниот начин на водење на училиштето, каде велат, владее омаловажување и навреди.

„Не се спомнуваат  крајно лошите условите  во кои престојуваат децата, во случајот најважно е кој стои зад сето ова, со цел да биде замолкнат, казнет, понижен и отфрлен“, велат нашите извори.

skolo-sala-_n

За ваквата новонастаната состојба НОВА се обрати во Министерствотоз а образование. Од таму велат дека осудуваат секаков притисок врз учениците и најавија дека ќе испратат инспекција во училиштето „Елпида Краманди“.

„Осудуваме секаков вид на притисок врз учениците. Во таа насока Државниот просветен инспекторат ќе направи инспекциски надзор и ќе постапи соодветно на законските прописи. Доколку индициите се покажат како точни ќе биде утврдена и соодветна одговорност“, потврдија за НОВА од Министерството за образование.

shkolo-vlaga-_n

НОВА, повикувајќи се на Совет на родители,  пред неколку дена објави дека основното училиште „Елпида Караманди“ се распаѓа пред очите на учениците.Објавивме и фотографии од кои се гледа дека нема услови за одвивање на настава во фискултурната сала  каде паркетот е откорнат, а од покривот кога врне, водата тече врз главите на учениците. Во салата нема ниту струја, така што децата од втората смена не можат да држат часови. Загрижените родители ја потенцираа и нехигиената во тоалетите кои се катастрофална состојба, каде што нема сапун за миење раце, ниту врати.

vts-n

Директорката се пофали дека ставиле бекатон плочки во дворот, а во Министерството за образование потврдија дека ова училиште има приоритет за  реконструкција за што се предвидени 240 000 евра. Но, заради распуштање на Собранието плановите се стопирани.

директорка притисоци хајка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.