Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во ОУ„Елпида Караманди“, дождот паѓа врз главите на учениците

1
By Менче Атанасова Точи on October 24, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, October 24, 2016 15:53

Основното училиште „Елпида Караманди“ во Битола се распаѓа пред очите на учениците, тврдат за НОВА од Советот на родители. Дека нема нормални услови за одвивање на наставата се гледа од состојбата во која се наоѓа фискултурната сала  каде паркетот е откорнат, а од покривот кога врне, водата тече врз главите на учениците. Во салата нема ниту струја, така што децата од втората смена не можат да држат часови. Дождот паѓа врз главите на учениците и кога јадат во трпезаријата, тврдат родителите.

skolo-parket-n

Загрижените родители кои се јавија во редакцијата на НОВА тврдат дека  децата не можат да вежбаат од прашината во фискултурната сала,  а поради нехигиена пајаци лазат по нивните тела додека лежат на подот, додека ги прават вежбите. Поради ова често се појавуваат алергии кај некои ученици.

shkolo-vlaga-_n

Од фотографиите кои ни ги испратија може да се види дека во катастрофална состојба се и тоалетите. Тие велат  дека  таму нема ниту сапун за миење раце, а тие веќе подолго време безуспешно бараат да се исчистат и реновираат, да се санираат санитарните јазли.

vts-n

„После секој час по физичко образование многу од децата излегуваат со осипи и алергии заради прашината, пајаците и други инсекти кои ги полазуваат кога децата лежат на откорнатиот паркет. Водата и сапунот се непознат поим за ова училиште веќе неколку години. Децата не можат да одат во тоалет по потреба бидејќи нема вода, нема сапун, а нема ниту врати. Хигиената во училиштето е на мизерно ниво “, велат за НОВА од Советот на родители.

skolo-sala-_n

Родителите тврдат дека веќе разговарале и планираат да не ги пуштаат децата на училиште, а некои размислуваат да ги отпишат своите деца од таму. Тие велат дека  управата на училиштето не превзема ништо со години, а на нив им одговориле дека треба  сами да се изборат за да се реши проблемот.

shkolo-cheshma_n

Во ова училиште настава посетуваат учат околу 670 ученици. Родителите се револтирани  бидејќи, како што велат,  додека врз главите на децата паѓа малтер, директорката два пати с и ја реновирала канцеларијата.

„За тоа  има пари. За други неопходни работи нема. Ние моравме да платиме за  поправки на компјутерите бидејќи училиштето немало пари за тоа, а половина од компјутерите не функционираат. Исто така, до нашите деца е испратено соопштение да си соберат пари за топки и други потребни материјали бидејќи како што вели директорката, училиштето нема 1000 денари за да купи 2-3 топки“, велат родители кои инсистираат да останат анонимни за да не се рефлектира тоа на нивните деца.

shkolo-pajak_n

Тие прашуваат како  директорката има време да оди на Комитски вечери и на партиски собири, а нема време да се погрижи за училиштето.

direktorka_n

Селфи: Директорката, лево на собирот на ВМРО ДПМНЕ во салата „Борис Трајковски“

НОВА побара одговор од директорката на училиштето, Емилија Николовска Спировски, дали барала да се санира состојбата и да се реновира училиштето. Таа одговори дека во најскоро време ќе се направела реконструкција на покривот.

„ОУ„Елпида Караманди“ има поднесено повеќе  барања до општината  и МОН за реконструкција на покривот на спортската сала во училиштето, за реконструкција на тоалетите, и до МОН за реконструкција на покривот и доградба на училиштето и толаетите. Од Општината се одобрени средства за реконструкција на покривот на спортската сала,  постапката е завршена, склучен е договор за изведба и во најскоро време ќе се почне со реконструкција“, вели во писмениот одговор директорката Емилија Николовска Спировски.

Директорката нагласува дека од Општина Битола во изминатиот период било изведено партерно уредување во училишниот двор со бехатон плочки, пред почетокот на учебната година, биле варосани се сите училници и ходниците, променети се одводните цевки во тоалетите и дел од санитаријата. Наставата се одвива во нормални услови, редовно и без проблеми, вели директорката на ова училиште.

monmonmon-316x237

Од Министертсвото  за образование пак, тврдат дека за основното училиште „Елипида Краманди“во Битола се одобрени 14, 7 милиони денари или околу 240 000 евра. Со тие средства требало да се реновираат санитарните јазли и да се сменат прозорците, но сега заради распуштањето на Собранието се е стопирано.

tocka-78165

Инаку, за ова училиште беше најавено реновирање и реконструкција уште во 2012 година во време на министерот Панче Кралев,  преку проектот на Владата„ Изградба и опремување на 145 училишни спортски сали“. Досега не е направено ништо, училиштето стои така, оставено на забот на времето.

 

родители руинирано училиште
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 4, 2026Updated:May 4, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

ВЕСТИ May 4, 2026

Македонскиот револуционер Гоце Делчев е роден на 4ти февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог,…

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.