Луис Хамилтон ја прослави осмата победа во сезоната во Формула 1 шампионатот, вкупно 51 во кариерата. Британскиот пилот на Мерцедес триумфира во трката за ГН на Мексико, го намали минусот на 19 бода во однос на Нико Розберг и остана во игра за титулата.
Времето што притоа го забележа е 1:40,32 часа. Второто место го освои неговиот клупски колега и лидер во генералниот пласман, Розберг (+8,354 секунди), трет низ целта мина Макс Ферстапен (+17,313 секунди). Судиите на крајот го казнија возачот на Ред Бул со додавање на пет секунди, па наместо него на подиумот се искачи Себастијан Фетел.
Бодови во Мексико освоија уште Раиконен, Хулкенберг, Ботас, Маса и Перез. Наредната трка во Ф1 сезоната е на 13 ноември на патеката „Интерлагос“ за ГН на Бразил.