Published: Monday, October 31, 2016 09:46
Околу 15.000 луѓе побарале поош од италијанските служби за цивилна заштита и се сместени во хотели и прифатлишта по најновиот земјотрес кој ја погоди централна Италија.
Според податоците на оваа служба се очекува уште 3.000 луѓе да побараат помош.
Тука не се пресметани оние кои спијат во сопствени шатори, коли или камп куќи.
Истата служба соопшти дека се уште се грижи за околу 1.100 луѓе кои останале без покрив над главата по силниот земјотрес од 24 август кога загинаа 300 луѓе.
Централниот дел на Италија во неделата наутро беше погоден од земјотрес со јачина од 6,6 степени според Рихтер. Тој бил почувствуван и на југот на Италија и во соседните Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина.
Според податоците околу 20-тина луѓе се повредени.




