Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Агенција за храна истражува како енергетски пијалок се продава на деца

0
By Нова ТВ on November 2, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 2, 2016 20:00

Агенцијата за храна и ветеринарство попладнево се огласи со соопштение за случајот на труење на 3 малолетни деца со енергетски пијалок, за што објави МВР во денешниот билтен. Оттаму велат дека од епидемиолошката служба на Центарот за јавно здравјe – Скопје, се уште немаат добиено официјална информација за пријава за труење со храна и за хоспитализирани лица.

„Производот Симба кој во медиумите се посочува како причинител на труењето со храна на малолетните лица е безалкохолен пијалак, на кој соодветно е означено дека не се препорачува за деца под 18 години и за бремени жени. Не станува збор за небезбеден производ, ниту за труење со храна, туку за непочитување на означувањето од страна на лицата кои го консумирале. Во тек е постапка од надлежните институции за тоа како овој пијалак дошол до малолетните лица. “, пишува во соопштението од Агенцијата за храна и ветеринарство.

МВР денеска информираше дека труењето од енергетски пијалоци било констатирано кај три деца од 11 и 12 години. Според полицискиот билтен, на 1 ноември на Детскатата клиника во Скопје биле донесени тројца малолетеници затруени од енергетски пијалоци. Децата се примени на пулмо-токсиколошкиот оддел, дадена им е соодветна терапија и задржани се на понатамошно лекување. Во добра општа состојба се, велат на Клиниката зa детски болести.

НОВА веќе пишуваше дека продажбата на енергетски пијалоци во Македонија се наоѓа во сива зона.

“Нема никава законска рамка освен означувањето на опаковката за состојките што ги содржат овие пијалоци. Македонските институции за безбедноста на храна и пијалоци немаат проценка за ризиците од употребата на енергетските пијалоци особено ако тие се комбинираат со алкохол или за време на голема физичка активност”, вели за НОВА извор од една македонска институција задолжена за испитување на безбедноста на храната.

Ова е особено значајно ако се знае дека младите лица често ги пијат овие производи. Но во Македонија не постојат статистики за тоа колку се пие и колкава е возраста на лицата кои пијат.

 

Агенција за храна и ветеринарство енергетски пијалоци труење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.