НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Србија доби Пејпал, Македонија и Црна Гора извисија

0
By Нова ТВ on May 8, 2013 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Иако веќе цела година, па и подолго, се најавува пристигнување во земјава на познатиот систем на плаќање преку Интернет, ПејПал, тоа и овојпат не се случи.

Во последното проширување на земјите во кои ќе работи компанијата, приклучени се Србија и Џорџија (поранешна Грузија), додека Македонија, Црна Гора и Молдавија останаа со празни раце. Ова се случува, иако според сите најави проширувањето на ПејПал требаше да биде регионално и да ги опфаќа сите земји, вклучувајќи ги и Албанија и Косово.

Уште во септември лани, министерот за информатичко оптество и администрација, Иво Ивановски, истакна дека според последната остварена комуникација со компанијата приклучувањето на зeмјава е во „завршна фаза“ и дека Македонија е ставена на „приоритетна листа како регион“. Но, иако поминаа девет месеци оттогаш, повторно извисивме како држава.

И додека во Македонија на ова прашање не му се обраќа поголемо внимание, во Црна Гора фактот што тие се прескокнати се претвори во мал скандал.

Директорот на „Пејпал“ за Централна и Источна Европа, Дамиен Перилат за подгорички „Вијести“ вели дека ширењето на системот е дел од развојната стратегија и дека преостанатите земји ќе се приклучуваат по системот „чекор по чекор.“

– Влезот на нови пазари е наша долгорочна определба. Како што е случај насекаде по светот, проширувањето на нашето делување на нови пазари подразбира прилично подготовки, внимание, но и инвестиции. Кога ќе одлучите да се занимавате со парите на други луѓе, тогаш морате да работите правилно од почеток – вели Перијат за весникот.

Тој додава и дека ова подразбира блиска соработка со локалните власти, вклучувајќи ги и регулаторите, како и разбирање на потребите на локалните потрошувачи.

– Нашето последно проширување во Србија и Џорџија е чекор понатаму. Останатите земји ќе следуваат – додава тој без да наведе конкретен датум.

ПејПал е систем кој овозможува електронско плаќање и трговија преку Интернет, а овозможува и безбедно праќање и примање пари без посредство на банки и други институции. Основан е во 1998 година, а од 2002 е во сопственост на И-Беј. ПејПал е најголем промотер на електронската тровија со оглед на фактот што во моментов има 120 милиони активни налози, а преку системот се тргува со 25 валути од цел свет.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025
ФОКУС

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

На 24 август Украина го одбележува најголемиот државен празник – Денот на Независноста. Денот е…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.