НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

АХВ: Децата не смееле да пијат енергетски пијалок

1
By Нова ТВ on November 3, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Инспекциски служби на Агенцијата за храна и ветеринарство во текот на вчерашниот ден направиле вонредна, дополнителна контрола кај операторот со храна, производител на безалкохолниот пијалок кој во јавноста беше посочен како причина за наводно труење со храна на три малолетни деца во скопската населба Радишани.

Од Агенцијата велат дека е извршена контрола на HACCP планот кој го спроведува производителот, проверени се лабораториските анализи кои согласно со овој план има обврска да ги прави, при што не се констатирани недоследности. Пијалакот согласно важечките правила е соодветно означен, велат од таму.

„Во конкретниов случај не станува збор за небезбеден производ, ниту за труење со храна, туку за  непочитување на означувањето од страна на лицата кои го консумирале безалкохолниот пијалок. Причината, децата да се најдат во таква состојба е поради непочитување на предупредувањето кое е назначено на пакувањето, дека пијалакот не смее да го пијат лица под 18 години. Во рамки на редовните инспекциски контроли, Агенцијата кај овој оператор изврши контрола и пред два месеца. И тогаш не се констатирани недоследности во работењето, ниту отстапки во поглед на безбедноста“, велат во Агенцијата за храна.

Од Клиниката за детски болести и понатаму тврдат дека децата дошле со симптоми на труење, повраќале, но не немаат информации колкава количина од енергетскиот пијалак испиле малолетниците.

„Децата беа задржани еден ден на пулмо-токсиколошкото одделение. Дадена им е соодветна терапија, откако претходно им е исплакнат желудникот. Во добра здравствена состојба тие се пуштени дома“, велат на Клиниката за детски болести.

Вчера МВР соопшти дека на 1 ви ноември, три деца од 11 и 12 години од ОУ„Ацо Шопов“ во населбата Радишани со возило на Брза помош биле однесени на Клиниката за детски болести ,каде што било констатирано труење, откако испиле енергетски пијалок „Симбо“. Случајот во МВР го пријавиле лекарите од Клиниката за детски болести, по што е известен одделот за малолетници во полициската станица во Чаир и Агенцијата за храна.

На ова реагираа од претставништвото на компанијата, кои најавија тужба за сите медиуми кои ја објавиле информацијата,  која што беше официјално објавена на билтенот на МВР, каде што стои името на производителот на енергетскиот пијалак.

 

 

деца енергетски пијалок труење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.