Тие се жалат зашто немаат примено 19 плати, а компанијата не работи со месеци и тие се на принуден одмор. Велат дека веќе немаат ни пари за плаќање на сметките и дека им ја исклучуваат струјата и водата.
Тие не придаваат никакво значење на фактот што државата е доминантен сопственик, односно што се под капа на државата, туку велат:„Ние сме под вршник и одозгора е ставен жар!“ ги пренесува Телма зборовите на еден од работниците.
Пред 2 недели пропадна и 11-иот тендер за пордажба на ОХИС, а Владата не понудува друго решение друго решение, освен да организира и 12-ти тендер. Охис се продава речиси без пари, но има долгови од над 20 милиони евра.