НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Делегатите на СДСМ ги усвоија пратеничките листи

0
By Нова ТВ on November 6, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со 597 гласа „за“ и 1 „ против“ и 24 „воздржани“, делегатите на СДСМ ги усвоија пратеничките листи за предвремените парламентарни избори на 11 декември. Главен адут на СДСМ и здружената  опозиција ќе биде намалувањето на невработеноста, запирање на иселувањето на младите од Македонија, зголемен економски раст и неселективната правда. Пред делегатите и новинарите по завршувањето на работниот дел на Конгресот, се обратија носителите на шесте изборни единици. Последен с е обрати лидерот на партијата Зоран Заев, кој рече дека му е драго што ја добил честа да ја води ИЕ 1,  каде што с е родил и пораснал. Тој рече пред делегатите дека нема да ветува многу , туку само граѓанска и слободна Македонија.

„Граѓанскиот концепт е победнички, а вие денеска донесовте историска одлука со која Македонија ќе ја вратиме во рацете на граѓаните. Мене животот ме научил да знам и што е земјоделие и што е бизнис. Кога започнав да ја водам Општина Струмица таа беше една од најзагрозените општини,а  денес е една од најразвиените. Сакам да кажам дека ако се сака, се се може„ рече Заев.

14975962_10209233358424225_1190203004_o

Заменик претседателката на СДСМ Радмила Шеќеринска рече дека на 11 декември ќе покажат дека криминалната власт заминува во историјата. Шеќеринска нагласи дека ова битка ја водат за граѓаните и од таа причина на сите избирачки листи е оставен простор за граѓаните.

„Граѓаните бараат еднаква правда за сите. Ќе се бориме против загаденоста и парите на граѓаните ќе ги вратиме кај граѓаните, нема да ги делиме кај белосветски измамници како Субрата Рој. Редно е да го вратиме животот во Македонија“, рече Шеќеринска.

15007800_10209233359024240_826240008_o

Љупчо Николовски, носител на изборната ИЕ 3,  рече дека на овие избори граѓаните ќе бидат врвен приоритет, но и сојузник. Носителот на изборната ИЕ 6, Петре Шилегов порача дека криминалците ќе одговараат, а парите на граѓаните ќе им бидат вратени.

14964020_10209233360744283_108210807_o

Оливер Спасовски од ИЕ 2,  рече дека ќ е се борат за правото на достоинствен живот на граѓаните. Како што рече Спасовски, во неговата Изборна единица има различни граѓани, но со исти проблеми. Тој најави и зголемување на безбедноста во државата.

15007975_10209233358464226_1561720930_o

Носителот на ИЕ  1  Стево Пендаровски порача дека најголемиот пораз ВМРО ДПМНЕ  ќе го претрпи токму во оваа Изборна единица. Тој најави намалување на невработеноста, зголемување  на стандардот, фер даночен систем, намалување на социјалните разлики и рече дека борбата против криминалот и корупцијата ќе биде нивен врвен приоритет, а правдата неселективна. Пендаровски како и неговите колеги рече дека сите пари кои се одземени од граѓаните ќе им бидат вратени.

„Сакам да ви кажам на сите дека, по 11 декември ни во лудило нема да продолжат налудничавите проекти на власта како проектот„Скопје 2014“. Тие сите ќе бидат стопирани, а ќе се направи и ревизија“, изјави Пендаровски пред присутните на Конгресот.

14975778_10209233359064241_635204113_o

Сите носители на кандидатски листи упатија порака до вработените во јавната администрација дека нема потреба да стравуваат за своите работни места.

делагти Конгрес пратенички листи усвоија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.