НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДИК: 10 235 гласачи досега се пријавиле од странство

0
By Нова ТВ on November 7, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Државната изборна комисија во моментов ги спроведува пријавувањето за гласање на државјаните на Македонија кои се на привремена работа или престој во странство, јавниот увид во Избирачкиот список, како и пријавувањето на 29.858 граѓани за запишување во Избирачкиот список. Рокот за завршување на овие изборни дејствија е 11 ноември, 24:00 часот.
„До денеска,  7 ноември, до 14 часот, преку веб апликацијата на ДИК поднесени се вкупно 10235 пријави од граѓани за гласање во странство. Од нив, 8258 пријави се прифатени, 166 се одбиени, а останатите се во обработка.
Најголем број на пријави, по над 1000, до сега се поднесени за гласање во Берн, Венеција и Детроит“, соопштуваат од Државната изборна комисија.
ДИК напоменува дека најголем дел од одбиените пријави е од причина што граѓаните наместо документ издаден од надлежен орган на странската држава, како доказ во својата пријава приложиле документ издаден од орган на Македонија.
ДИК ги потсетува граѓаните дека документи кои се прифаќаат како потврда за докажување на привремен престој во странство повеќе од три месеци или за привремена работа или престој во странство повеќе од една година се следниве:
Лична карта, издаденa од надлежен орган на странска држава, потврда издадена од надлежен орган на странска држава, за живеалиште, престој или адреса на лицето во странската држава,дозвола за работа издадена од надлежен орган на странска држава, работна, студентска или виза за престој над три месеци во странска држава. Ито така и возачка дозвола издадена од надлежен орган на странска држава, во која е наведено дека лицето има живеалиште во странската држава, македонски дипломатски пасош или друг документ со кој се докажува дека лицето е вработено во дипломатско-конзуларните претставништва и
друг документ со кој се докажува дека лицето е на привремен престој во странство повеќе од три месеци, или на привремена работа или престој во странство повеќе од една година.
 
До вчера, 3 ноември, до 19:00 часот, во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК низ државата јавен увид во Избирачкиот список извршиле вкупно 4236 граѓани.
Во однос на пријавувањето на 29.858 граѓани чии записи по извршените вкрстени и теренски проверки останале неконзистенти во Избирачкиот список, ДИК информира дека заклучно со денеска, 7 ноември, до 14:00 часот, преку веб апликацијата пријавување за запишување во Избирачкиот список извршиле вкупно 552 граѓани. Од нив, 540 пријави се прифатени, 4 се во обработка, а 8 се во фаза на разгледување.
гласачи Македонија странство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.