Published: Friday, November 11, 2016 12:37
Најмалку едно лице загинало, а петмина се повредени во експлозија на рафинерија за нафта во Албанија, соопши полицијата.
Несреќата се случила синоќа во рафинеријата во Балш, 140 километри јужно од Тирана.
Се претпоставува дека причина за несреќата е проблем на една од пумпите при што засега се известува дека загинал еден 40. годишен маж.
Од петмината повредени, еден е во тешка состојба.




