На полноќ истекува рокот за доставување на кандидатските листи за предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат на 11 декември. Само Каолицијата за промени и правда и ПДП ги доставиле кандидатските листи во ДИК. Другите партии тоа ќе го сторат вечерва до полноќ.
Најголем дел од партиите ги објавија своите кандидати, а ВМРО ДПМНЕ се очекува тоа да го стори утре на голем партиски собир.
Откако партиите ќе ги достават кандидатските листи, ДИК има рок од 48 часа да ги разгледат и да укажат на можните неправилности. Партиите имаат исто толку време рок за да ги отстранат неправилностите.