Десет часот наутро во петокот на 28 Октомври е последното време што Диме Спасов го навел во дневниот патен налог за Туаергот кој имал обврска да го води според Правилникот за службени моторни возила, објави Телма.
Агенцијата за вработување по барање за пристап до информации од јавен карактер и овозможи на телевизија Телма увид во Договорот за меѓусебна техничка соработка како и за овласувањето на Диме Спасов за користење и управување на Туарегот со кој во петокот предизвика сообраќен инцидент.
Но, од Агенцијата не доставија копија, а на документите беа скриени деловодните броеви и податоците од архивските печати, објави телевизијата.
Директорот, Влатко Поповски вели дека тоа го направил поради најавената кривична пријава, но е дециден дека се е заведено и архивирано законски.
Нема антидатирање или какви било манипулации. Не можете да ги видите деловодните броеви и податоци поради најавената кривична пријава. Но, документот ќе биде јавно објавен.
Договорот бил потпишан во втората половина на октомври 2015 година, а со него биле потпишани две овластувања. Пасатот и Туарегот смеел да ги користи и управува возачот на Диме Спасов, а Спасов само Туарегот. Но, од докумантацијата што ја виде Телма, но и одговорите што ги добивме, произлегува дека Спасов морал да ги почитува правилата на Агенцијата за користење на возилата, а тоа подразбира и обврска и редовно пополнување на дневен патен налог во рамки на работното време, иако според Поповски активностите на двете институции го пробивале работното време.
Договорот меѓу Агенцијата и Министерството бил потпишан на барање на Спасов, но возилата останале во сопственост на Агенцијата. Поповски, вели дека таковиот начин на договарање е законски.
„Тоа се изворни надлежности на директорот. Не треба одлука на Управниот одбор, бидејќи не ја намалувам вредноста и средствата на имотот на Агенцијата, и во секој момент можам да ги повлечам возилата“, вели Поповски за Телма.
Со договорот покрај возилата, Спасов смеел да користи сали за состаноци, и други технички средства заради заедничкото промовирање на мерки и програми за вработување. Поповски си ги повлекол возилата. Полицискиот увид е завршен, а Туарегот е паркиран пред зградата на Агенцијата. Може да се забележи од левата страна владнатина од сообраќјниот инцидент кој го предизика Спасов. Во Туарегот нема ГПС, ваквиот систем за сателитско следење го има во останатите 16 возила, и во возилото на директорот Поповски. На барање на Телма тој достави листинг и налози за Мерцедсот кој што тој го користи за цела година заклучно за октомври. Тој отфрли било каков основ за кривична пријава која министерката за труд и социјала Фросина Ременски ја најави заради злоупотреба на службената положба.