НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Една година по пеколот во Париз: Тероризмот се уште демне

0
By Нова ТВ on November 13, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со комеморација францускиот претседател Франсоа Оланд го започна одбележување на првата годишнина од терористичките напади во Париз откривајќи спомен плоча во чест на мажот кој загина во самоубиствениот бомбашки напад на стадионот крај француската престолнина.

Мануел Диаз загина пред националниот стадион „Stade de France“ на кој во тој момент се играше пријателскиот фудбалски натпревар меѓу селекциите на Франција и Германија, во првиот од низата напади вечерта на 13-ти ноември 2015 година, во кој загинаа вкупно 130 луѓе.

Францускиот претседател Франсоа Оланд и париската градоначалничка открија спомен плочи на кафулињата и рестораните во монденскиот центар на Париз во кој напаѓачите чија припадност ја потврди ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава, стрелаа врз луѓето кои уживаа во вечерното излегување тој петок.

france-terrorism

Главната свеченост ќе се одржи во „Батаклан“, концертната сала во којашто тројца напаѓачи убија 90 луѓе во текот на настапот на американската рок група Eagles of Death Metal. Британската музичка ѕвезда Стинг вчера таму одржа концерт со што повторно ја отвори салата. На распродадениот концерт присуствувале и многумина преживеани на нападот. Меѓу нив бил и Орелјен.

„Нема да ги заборавиме. Денеска имаме две задачи: прво да се потсетиме на оние кои ги загубија животите во нападот, а потоа да ги славиме животот и музиката во ова историско време“, ѝ се обрати Стинг на публиката на француски јазик, откако со минута молк им беше одадена почест на жртвите.

Францускиот премиер Мануел Валс во напис објавен во најтиражните европски дневни весници вети дека исламскиот тероризам ќе биде поразен еднаш засекогаш.

„Тероризмот повторно ќе нападне во Европа“, предупреди, „но имаме сила и сето што ни е потребно да го победиме“, напиша. Додаде дека вонредната состојба воведена по париските напади веројатно ќе биде продолжена. Вонредните мерки се неопходни „за да се заштити демократијата“, истакнува Валс.

Франција е дел од меѓународната коалиција која се бори против џихадистичката Исламска држава во Ирак и во Сирија. Во земјата и натаму е вонредната состојба, а тероризмот и улогата на исламот се клучни теми на дебатите шест месеци пред одржувањето на претседателските избори.

Париз терористички напади Франсоа Оланд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.