НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јаглерод диоксидот првпат порасна како пред 3 милиони години

0
By Нова ТВ on May 10, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нивото на најважното соединение во атмосферата, кое е најзаслужно за заробување на топлината, а со тоа и за глобалното затоплување, јаглерод диоксидот, ја помина границата од која сите се плашеа, известија научниците денеска, при што вакви концентрации не се видени на Земјата со милиони години.

Инструментите на научниците известија дека гасот достигна просечни дневни нивоа кои поминаа 400 делови на милион, што претставува потсетување дека децениските напори на човекот да ги стави под контрола емеисиите на гасови, што се продуцирани од нас самите, не се успешни.

Најдобрите достапни докази велат дека вакви количества на јаглерод диоксид во воздухот не се видени барем три милиони години, пред настанувањето на човештвото, а научниците предвидуваат дека растот на концентрациите од овој гас можат да предизвикаат големи промени во климата и раст на нивоата на морињата и океаните.

Ралф Килинг, кој ја води програмата за мониторинг во Скрипс институцијата за океанографија во Сан Диего, за „Њујорк Тајмс“ вели дека понатамошен раст на јаглерод диоксидот би можел да биде катастрофален.

– Ова значи дека ние многу брзо ја губиме можноста да ја одржуваме климата на ниво кое луѓето би можеле да го толерираат – вели тој.

Мерењата доаѓаат од врвот Мауна Лоа, вулкан на најголемиот остров на Хаваите, кој долго време ги мери трендовите на светските движења на јаглерод диоксидот.

Апаратите таму мерат чист воздух, кој поминал илјадници милји преку Пацификот, притоа продуцирајќи рекордни нивоа на јаглерод диоксид, кој помно се мери веќе половина век.

Ниво од 400 делови на милион за првпат беа забележани на Аркторкот лани, а исто така беа забележани и во мерењата што се вршат од час во час на Мауна Лоа. Но, за првпат вакво просечно ниво во текот на еден ден беше забележано за првпат во 24-те часа кои завршија во 8 часот вчера, според Источното дневно време, покажуваат податоците на Скрипс и американската Национална океанска и атмосферска администрација.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.