Државната изборна комисија (ДИК) синоќа ги отфрли сите 7 предложени кандидатски листи на Народното движење за Македонија (НДМ). Сите девет членови на ДИК гласаа за отфрлање на листите на партијата на Јанко Бачев, со образложение дека има големи неправилности, како несовпаѓање на потписите на предложените кандидати и промена на кандидати без барање од ДИК.
Во четвртата изборна единица наместо 20, партијата на Бачев кандидирала 21 кандидат.
Во седмата наместо 3, предложени се 4 кандидати, а еден од кандидатите не приложил документи дека е државјанин на Република Македонија, ниту лична карта ниту пак патна исправа, а кандидатот воопшто и не бил евидентиран во Избирачкиот список.
Претходно вчера ДИК едногласно ги отфрли кандидатските листи на Социјалдемократската партија на Македонија СДМП на Бранко Јаневски исто така заради голем број неправилности.
Инаку оваа партија имаше кандидирано луѓе кои имаа слични имиња и презимиња со носителите на листите на опозицијата.