Бурхан Касуми сеуште бара завршница за случајот кога во ноември минатата година неговиот десетгодишен син Ален бил нападнат од родител на еден негов соученик.
Инцидентот се случил во основното училиште “Страшо Пинџур“ во скопската населба Даме Груев, а според Касуми син му не само што бил удиран туку и вербално малтретиран на верска и национална основа. Случајот е пријавен во полицијата и во сите надлежните институции, како и во Комисијата за дискриминација,Хелсиншкиот комитет, Народниот правобранител и во Меѓаши.
Касуми е револтиран бидејќи институциите на системот молчат како да ништо не се случило.
Хелсиншкиот комитет настанот го оцени како случај на дискриминација. Семејството на малтретираното дете најавува дека работата ќе ја турка и до Судот во Стразбур.
Во ова училиште истиот месец се случија два напади на деца од ромска националност, а родителите се револtирани бидејќи во училиштето не превземаат никакви мерки за заштита на децата.
Повеќе за ова погледнете од разговорот.