Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филмовите на браќата Коен и Џармуш вечерва на Синедејс

0
By Нова ТВ on November 17, 2016 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 17, 2016 11:56

Вечерва во кино Милениум во 20 часот на репертоарот е филмот „Само крај на светот“ , во рамките на Фестивалот на европски филм Синедејс.

Овој филм на режисерот Ксавиер Долан му донсе Гранд при награда од жири и Награда на екуменското жири на годинешниов филмски фестивал во Кан. Филмот му е посветен на еден писател, кој по 12 години отсуство се враќа во родниот град, сакајќи да го извести семејството дека умира. Набрзо, огорченоста го менува текот на попладнето, избувнуваат бес и кавги, предизвикани од осаменост и сомнеж, додека сите обиди за емпатија се саботирани од неспособноста на луѓето да ислушаат и да сакаат.

Во 22 часот во истата сала ќе биде прикажан „Аве, Цезар!“.

Филмот на Џоел и Етан Коен се случува во ранте  1950-ти. Еди Меникс вредно работи во обид да ги реши сите проблеми на актерите и филмските работници во „Капитол пикчрс“. Неговите најнови случаи вклучуваат незадоволен филмски режисер, распеан каубој, прекрасна пливачка и згодна танчарка. И како сето тоа да не е доволно, Меникс се соочува со неговиот најголем предизвик досега, кога Берд Витлок го киднапираат облечен во костим за снимањето на римскиот епски филм „Аве, Цезар!“ Ако студиото не плати откуп од 100.000 долари, тоа ќе значи крај за репликите на филмската ѕвезда.

Во филмот играат и Џорџ Клуни, Ралф Фајнс и Скарлет Јохансон.

Во киното Фросина во 17 часот ќе биде прикажан „Галопирачки ум“, додека во 21 часот, „Дај ми опасност“, најновиот филм на Џим Џармуш.

Филмот на Вин Вандкејбис е во официјална селекција на Cinedays. Тој е приказна за близнаци разделени по раѓањето, од кои девојчето расте во удобноста на средната класа, а нејзиниот брат среде улична банда. Дванаесет години подоцна, нивните патишта повторно се сретнуваат и тие ја откриваат нивната заедничка судбина, наметната од страна на возрасните. Тоа е почетокот на возбудлива потрага по нивните корени и нивната независност, но ниеден од нив не може да побегне од минатото…

Натали Бродс на Филмскиот фестивал во Остенде доби награда за најдобра споредна улога .

Новиот филм на Џим Џармуш, „Дај ми опасност“, ја документира приказната за Стуџис, еден од најдобрите рокенрол бендови на сите времиња. Филмот го прикажува контекстот на појавата на Стуџис низ музичка, културолошка, политичка и историска призма и ги поврзува нивните добри и лоши авантури, бележејќи ја нивната инспирација и причината зад нивните почетни комерцијални предизвици како и она што го оставаат зад себе.

Во истото кино, во 23 часот е проекцијата на „Птичка“.

Рускиот филм на Владимир Бек е во официјална селекција на фестивалот отвора многу дилеми и прашања. Кога си заминува вашето детство? Си заминува кога наместо да играте фудбал со други деца, седите и тивко размислувате крај реката. Кога мислите не ви даваат сон, а светулката удира во тенџере како срце. Кога во главата ви се создаваат песни и чувствувате огромна потреба да запеете. Си заминува кога одеднаш сфаќате: летото завршува и тоа е последното лето од вашето детство.

Во Џебното кино во 17.30 ч. продолжува серијата СТУДЕНТСКИ ФИЛМОВИ, а денес на програмата се филмови од Факултетот за драмски уметности од Белград.

Во рамките на програмата Cinedays+  е филмот на Тамара Котеска Што се случува кога природниот хабитат на одреден вид мравки е загрозен? Очекувано, тие тргнуваат во потрага по нов, подобар. Постои еден таков вид во југоисточните делови на Европа, познат како студенти, а филмот е „експеримент“ кој настојува да покаже што се случува кога овие „мравки“ го напуштаат домот за да најдат подобар, некаде во САД. Ги следиме приказните на тројца амбициозни студенти од Македонија кои учат како да преживеат во новиот хабитат, сосема различен од претходниот. Навистина ли е новиот дом подобар?

Во 22 часот продолжува ревијата филмови на Орсон Велс, вечерва се прикажува филмот „Полноќни ѕвона“.

Во МКЦ е вечер на JHEREK BISCHOFF, во 23 часот во салата 25 Мај.

Jherek Bischoff е композитор, аранжер, продуцент и мултиинструменталист од Лос Анџелес. Во неговите необични 30 години живот, тој има соработувано со Kronos Quartet, Bang on a Can, David Byrne и Neil Gaiman, и има настапувано во простори и на фестивали ширум светот, меѓу кои и Ројал Алберт Хол, Карнеги Хол, Рејдио Сити Мјузик Хол, на фестивалот Adelaide и на фестивалот MONA FOMA во Тасманија. Како композитор бил ангажиран од Kronos Quartet, Lincoln Center и St Ann’s Warehouse и негови дела се изведувани од Seattle Symphony, Adelaide Art Orchestra, Wordless Music, Stargaze и yMusic.

Синедејс 2016
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.