НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Синдикат на МНР: Има злоупотреби со гласовите на дијаспората

0
By Нова ТВ on November 17, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Процесот на пријавување на граѓаните кои живеат во странство за претстојните парламентарни избори е спроведен преку манипулации, со ист систем и исти актери како и за време на изборите во 2014 година, предупредуваат од Синдикатот на министерството за надворешни работи.

Во соопштението кое го испратија до медиумите велат дека најеклатантен пример се неодамнешните случувања во Париз кои поседуваат елементи на поттикнување верска и расна омраза.

Соопштението ви го пренесуваме во целост:

Синдикатот на македонската дипломатска служба во неколку наврати укажуваше за огромните манипулации во функција на изборите во март 2014 година во амбасадите каде има партиски кадри, но и за проблемите со кои се сочуваа во тоа време, нашите колеги – професионалци во амбасадите, во обид да ги спречат ваквите манипулации. Ваквото укажување го повторивме и за време на нашиот прв предупредувачки протест на 1-ви февруари 2016 година со цел да предупредиме дека ваквите манипулации можат да бидат повторени на претстојните вонредни парламентарни избори, а имајќи го предвид степенот на партизација на нашата држава, вклучително и на нашата дипломатија.

За жал нашите предвидувања се потврдија – процесот на пријавување на нашите граѓани кои живеат во странство за претстојните парламентарни избори, повторно е спроведен преку истите манипулации, со ист систем и исти актери како и за време на изборите во 2014 година. Најеклатантен пример се неодамнешните случувања во Париз кои поседуваат елементи на поттикнување верска и расна омраза, а за што бевме известени од припадниците на нашата дијаспора во Франција. Имено, на Синдикатот му беше пренесена следната фејсбук-порака што била доставена до припадници на таа наша дијаспора, и тоа од државен службеник кој на својот фејсбук профил отворено се декларира како вработен во Министерството за култура.

“Здраво јас сум Дарко Стефановски еден од администраторите на на FB страната на Македонци во Франција. Ви пишувам со цел да ве информирам дека во тек е пријавувањето на Македонците кои живеат во странство за можноста за остварување на гласачкото право на престојните избори во РМ кои ќе се оддржат на 11 декември оваа година.Излезноста на овие избори е многу значајна од причина што од тоа зависи дали пратеник од дијаспората ќе имаме Македонец или Албанец. Ви пишувам за да ве прашам дали сте заинтересирани за гласање и за постапката околу пријавување околу која ние ќе ви излеземе во помош…која иако е прилично едноставна, сепак за тој што првпат се пријавува да гласа надвор од РМ во дијаспората може да биде и малку збунувачка. Заради тоа и се организиравме да можеме да му помогнеме и олесниме на секој Македонец кој сака да се пријави … да може полесно да го направи тоа или ние да го направиме д аго пријавиме за гласање во негово име во амбасадата на РМ во Париз.”

На иста линија е и “црковната” објава на FB страната на “Македонци во Франција”

Потсетување !!

Денес, Недела во 10:30ч. Ве покануваме во Црквата Св. Кирил и Методиј во Париз..да дојдете на литургија..на која ќе присуствуваат претставници од македонската амбасада… и тим кој ќе може да го направи пријавивањето за престојните парламентарни избори во РМ за вас.

Потребно е со вас да носите важечки македонски пасош или лична карта и документ за регулиран престој во Франција (carte de séjour, француски пасош, работна или студентска виза).

Почитувани пријатели !

Рокот на пријавување за претстојните парламентарни избори во РМ е до 11 Ноември (петокот кој доаѓа). Апелираме за што по големо пријавување на наши граѓани да можат да го остварат правото на глас. Да не дозволиме дијаспората да добие пратеник што не го посакува!“ „Религиозната“ е надополнета и со “партиска” објава на истата, односно FB страната на “Македонци во Франција”: “Партии од македонскиот и од албанскиот блок веќе на големо ги имаат активирано своите задгранични комитети во обид да привлечат што поголем број иселеници да излезат на гласање. Но, како што дознаваме, досега најактивни се ДУИ. Нивните комитети во Европа, особено во Швајцарија, Германија и во Австрија, агитираат Албанците масовно да се пријават и да излезат на гласање на 11 декември.

Процените се дека на овие избори лесно може да се случи дијаспората да остане без ниту еден или, пак, само со еден претставник во македонското Собрание. Доколку биде избран само еден пратеник, голема е веројатноста тоа да биде кандидатот на ДУИ од Европа.“

Како Синдикат кој упорно се залага за професионална, а тоа значи и неутрална дипломатија, која може во најголема мера да ги попречи евентуалните злоупотреби на гласовите на дијаспората, а имајќи го предвид изнесеното, како и дополнителните информации кои ни беа предочени, должни сме да укажеме и да ја известиме јавноста за следново:

Упатениот “повик” од еден државен службеник вработен во Министерството за култура во кој главен “аргумент” за пријавување на нашите граѓани од дијаспората за претстојните парламентарни избори, па уште и каде се истакнува дека “Излезноста на овие избори е многу значајна од причина што од тоа зависи дали пратеник од дијаспората ќе имаме Македонец или Албанец”, е во најмала мера скандалозен и содржи јасни елементи  на поттикнување верска и расна омраза и дискриминација;

На одржаната литургија во Црквата Св. Кирил и Методиј во Париз, според нашите сознанија, присуствувале еден претставник од нашата Амбасада во Париз (дипломат со високо дипломатско звање) и економскиот промотор (независно од тоа чиј претставник е) заедно со партискиот тим кој“може да го направи пријавувањето за престојните парламентарни избори во РМ за вас”. Ваквото присуство на Амбасадата и економскиот промотор на еден верски обред во верски објект кој бил искористен за пријавување на изборите, е исто така скандалозен, а преставува очигледен пример на партиско- црковно неодвојување од државата;     и

Според нашите сознанија  државниот службеник вработен во Министерството за култура Дарко Стефановски допатувал во Париз на 9-ти ноември и бил во просториите на Амбасадата заедно со партискиот тим на “помагачи”, на 10 и 11 ноември 2016 година, односно до крајниот рок за пријавување на гласачите од дијаспората. Инаку, Стефановски како партиски емисар престојувал во Франција и за време на пријавувањето за гласање за изборите во 2014, за што сведочат неговите фотографии од средби, одржани во средината на март 2014 со нашите граѓани во Руан и една заедничка фотографија со одделни членови на нашата дијаспора инаку партиски “претставници” во Париз. За разлика од 2014 г., овој пат вратите на Амбасадата на Република Македонија во Париз му биле “ширум” отворени, а одделни вработени во Амбасадата му овозможиле сесрдна логистичка поддршка, меѓу другото и користење на службените фиксни телефони на Амбасадата, а со цел прибавување што поголем број пријави до крајниот рок. Ваквото овозможување и користење на Амбасадата, претставува драстичен пример за злоупотреба на нашата дипломатија во партиски цели.

Имајќи предвид дека располагаме со фотографии од некои од овие настани, сметаме дека со ова наше јавно обраќање се исполнети условите Министерството за надворешни работи да спроведе сопствена истрага за тоа како дошло до злоупотреба на Амбасадата во Париз и нејзиниот персонал за партиски, предизборни цели и активности и да се утврди соодветно одговорност за тоа. Истово важи и за Министерството за информатичко општество и администрација.

Воедно ги повикуваме и охрабруваме нашите колешки и колеги, кои во моментов работат во нашите ДКП-а, да му ги сигнализираат на Извршниот одбор ваквите и слични манипулации и злоупотреби, како што ги воочиле за време на пријавувањето, така и евентуалните идни вакви случувања, а посебно на денот на гласање на дијаспората, сабота, 10-ти декември 2016 г.

Дали овие и вакви активности вродиле со плод или не, не би сакале да претпоставуваме, но, во секој случај би сакале да го искажеме својот сомнеж во вистинитоста на бројките на пријавените наши граѓани за гласање во странство.

 

гласачи гласови дијаспора Синдикат МНР
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.