Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Една мрзлива приказна за СЈО

0
By Биљана Секуловска on November 19, 2016 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, November 19, 2016 12:52

Практично, како велат тие критичари- СЈО сите овие две години ни го губи нас времето пред се, а после своето, за што не жалиме, затоа што очигледно и немаат со што, како да го исполнат поинаку проклетото време, освен да си го ронат и тоа цели две години.

За тоа време, тие две години,  се градат и рушат царства, паѓаат круни и се сопнуваат генерации од крунисаните глави, затоа што- падот на круната е само исправен акт ако се стркала сосе главата.

Но, да се вратам на суштината на постоењето на СЈО, кое според критичарите, претставува една голема, округла и дебела нула. Целосно сум согласна дека нема време за преиспитување, вистината околу губењето време е одлична дефиниција за целото нивно делување.

Да го земеме примерот Пуч на кратко: Според Груевски, обвинетите Зоран Верушевски, Ѓорѓи Лазаревски и Ѕвонко Костовски прислушувале, за подоцна да му ги дадат материјалите на обвинетиот лидер на СДСМ. Овој последниов, Заев дејствувал со намера да го загрози уставниот поредок и безбедноста на државата.

Значи, што можеле да сторат СЈО а не се сетиле, затоа што во самата суштина на нивното битисување стои губење време, да ги цитирам критичарите?

Најпрво, СЈО ни го губеа важното време  во екипирањето на тимот, во дебатите за (не) подобноста на соработниците на Јанева со судските и други инстанци заради кои и не можеа да започнат со работа, во одбирањето на локацијата каде ќе бидат сместени, во опремувањето на просториите и во слични непотребни, така тривијални  нешта.

Катица Јанева и нејзиниот тим ни го трошеа драгоценото времето низ судските лавиринти и други институции кои, како што велеа, им правеле опструкции, за што имаат доказен материјал, претпоставувам.

Оваа господа од СЈО, привилегирани какви што се, ни земаа огромен дел од животот откако претседателот Иванов ги аболицираше сите знајни и незнајни сведоци, обвинети, тужени, пеплосани актери.

Смртта на Коста Крпач не би ја споменувала во овој контекст, непримерно би било да се каже дека се работи за губење време- ако се докаже дека е самоубиство или правилно потрошено време, како кој го толкува.

СЈО да имаа малку повеќе фантазија, не мораа да имаат проблеми како минатиот месец, кога еден нив истражител беше приведен во полиција, друг избркан од УБК, не мораа да стојат пред портите на УБК за да влезат, зошто конечно го чекаа пасвордот за влез во компјутерот, од две лица кои во исто време биле на пат, или да бројат денови додека не дојде експертот од Ериксон кој ќе им ги обезбеди сите потребни дејствија.

СЈО ни парчосаа златно време а не знаеја ова: дека не мораа да влегуваат во УБК, за да запленуваат документи или доброволно одредени сведоци да им ги доставуваат, да влегуваат во компјутери или други машини, да преслушуваат телефонски разговори кои инаку, се дел од незаконските прислушувани материјали и конечно, да сослушуваат сведоци.

Овој мал пример со Пуч, ќе биде голем за човештвото критичари: СЈО да имаа трошка имагинација, едноставно можеа од дома да ги завршат истрагите уште првите шест месеци.

Да ги претпостават актерите, да ги состават со глина во боја нивните глави, тело и опашка како мал придонес за аматерската уметност, а голем дебакл за вистинската уметност, која исплукува крв, зној и по некое уво.

Можеа, ех, што се не можеа: да направат реконструкција на прислушувањето во дневната соба на Јанева, да замислат неколку имиња и да влечат кибритчиња за тоа кој навистина прислушувал.

За потребите на сериозноста на истрагата, да стават еден фрижидер и шпорет и да пробаат во име на реконструкцијата да ги ладат и печат во исто време оние глинени фигурчки од два пасоси погоре, за да признаат- кој навистина прислушувал?

Не сум иронична, најмалку саркастична кога ја опишувам лепезата на можности со која Катица Јанева и нејзиниот тим едноставно не знаеле да ја замислат, ниту претпостават.

СЈО веројатно треба да се укине, според критичарите. Се сложувам со оваа нивна логика. Затоа што никој не би сакал да седне на нивната обвинителна клупа, најмалку критичарите.

Евтини приказни
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 3, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

ВЕСТИ May 3, 2026

Техеран преку Пакистан достави мировен план до Вашингтон со кој бара укинување санкции, повлекување на…

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.