Распеаните Скопјани овој викенд го поздравија владика Петар со комичната песна од Монти Пајтон „Every sperm is sacred“, за апсурдноста на црковните учења за сексот, репродукцијата и планирањето на семејството
Застанати на истото место каде некогаш ја исепаја „Mercedes Benz“, тие овојпат укажаа дека владиката ја разбира улогата на жената онака како што авторите од Скопје 2014 ја замислуваат 23 века назад во историјата: како мајка на доенче, мајка на бебе, мајка на дете и, на крај, мајка на војник
– Потчинетоста на жената во семејството очигледно не е само заложба на владиката Петар, туку и реалност која, наместо да ја исправаме, во 2013 година само ја шириме и зацврстуваме. Да живеат слободните жени, да живее еднаквоста – велат Распеани скопјани.