Најмалку шестмина електори демократи се приклучија кон намерата да се спречи Доналд Трамп да добие мнозинство во Електорскиот колегиум и со тоа да се оневозможи тој да влезе во Белата куќа, пишува денеска „Политико“.
Електорите кои главно се приврзаници на кандидатот за претседателска новминација на демократите Берни Сандерс од сојузните држави Вашингтон и Колорадо, лобираат кај републиканските колеги во другите држави да ги прекршат своите заклетви, а во некои случаи и државните закони и да гласаат против Трамп, на состанокот на Електорскиот колегиум што треба да се одржи на 19. декември.
Меѓутоа, дури и најоптимистичките демократски електори признаваат дека е малку веројатно дека же успеат да убедат 37 републикански електори, колку што им е неопходно за да се спречи Трамп да влезе во Белата куќа. Доколку и успеат во таа намера, Претставничкиот сом, каде мнозинството се републиканци, би можел да го избере Трамп.
Демократските електори се уверени дека и во случај на неуспех, нивните напори би можеле да ја загрозат довербата во Електорскиот колегиум и да поттикнат напори за негово елиминирање со што би се прекинала 228 години долгата традиција, тоа да биде официјален уставен процес за избор на претседател.
538 членови на Електорскиот колегиум на 19. декември ќе се соберат во главните градови на нивните држави каде официјално ќе гласаат за претседател на САД.
Трамп според гласањето на народот, освои 290 електорски гласови на изборите од 8 ноември. Тој исто така има благо водство во Мичиген, држава која нови 16 електорски гласови. Доколку сите гласаат за Трамп, тој ќе има поддршка од 306 електори со што лесно ќе ја мине границата од потребните 270 електорски гласови за тој да биде избран.
Токму затоа, нагласува „Политико“ потребни се 37 републикански електори да не гласаат за Трамп.




