Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кога Доналд Трамп беше против американскиот изборен систем

1
By Светлана Јовановска on November 10, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 10, 2016 18:08

Доналд Трамп доби помалку гласови од Хилари Клинтон а сепак тој стана претседател на САД.

Во средата вечер беше пресметано дека милијардерот добил 59 489 637 гласови. Неговата демократска противничка добила 59 689 819. Разлика од 200.000 гласови во корист на Хилари. Односно во проценти за Хилари гласале 47,7 отсто избирачи а за Доналд 47,5 отсто.

Се разбира, ова не е огромна разлика ако се знае дека на изборите во САД 120 милиони луѓе го ставија своето ливче во изборната кутија.

Сепак, ака САД имаа изборен систем како најголемиот дел европски држави, денес Хилари Клинтон ќе беше првата жена претседател.

Ова се случило четири пати во американската историја. Последниот пат во 2000 година. Републиканецот Џорџ Буш стана претседател иако најголем број директни гласови доби демократот Ал Гор.

Ова се случува поради системот на големи избирачи. Американските граѓани не гласаат директно за претседателот туку бираат кој голем избирач ќе гласа за нивниот фаворит. Доволно е да се има мнозинство од 0.1 отсто на еден кандидат и се смета дека сите големи избирачи од таа држава гласале за истиот кандидат.

Така, ако 61 отсто гласачи гласаат за, да речеме демократ, тоа е исто како за него да гласале 50,1 отсто гласачи. Сите гласови на големите избирачи одат на конто на демократот и нула за републиканецот.

Трамп го искористи овој комплициран изборен систем иако мнозинството директни гласови биле за Клинтон.

Овој систем изгледа, од европски аспект, чуден и застарен. Еве ја причината.

Татковците на САД во 19 век сметале дека демократијата е еднаква на хаос. Така, во тоа време, големите избирачи биле именувани од државите без изборен процес и тоа е влезено во американскиот устав. Со текот на времето воведено е гласање поради потребата за повеќе демократија. Истиот систем е на сила и денес.

Овој систем на големи избирачи има за цел да ја спречи доминацијата на некои понаселени и поголеми држави. Системот им дава предност на руралните држави па така еден голем избирач од Вајоминг има 3,5 поголема тежина од големиот избирач на Тексас.

grandselecteurswashington

Големите избирачи од дистриктот Колумбија во 2000 година

Прашањето што може да се постави е зошто овој систем, и по два века, и денес е на сила иако се чини архаичен. Одговорот е дека оваа промена е толку значајна што би барала уставен амандман за кој треба да гласаат две третини од Конгресот како и 38 држави. Тешко дека малите држави би се согласиле на промена на системот кој не им е во корист.

Промената на систем на големи избирачи е толку значајна што би барала уставен амандман за кој треба да гласаат две третини од Конгресот како и 38 држави. Тоа е тешко да се реализира.

Дебатата за промена на овој систем не е нова. Во неа во 2012 година се вклучи и Доналд Трамп. И даваше изјави кои денес не му се во корист.

Во 2012 година во претседателската трка Трамп го поддржуваше Мит Ромни против Барак Обама. Но Трамп не можеше да ја поднесе идејата дека неговиот кандидат би загубил иако освоил најголем број директни гласови. И истури дожд од твитови во кои тврдеше дека “изборниот колеџ е вистинска катастрофа за демократијата”. Денес истиот тој колеџ му дозволи да стане претседател.

Во 2012 година Обама ја доби поддршката не само на големите избирачи туку освои и најмногу директни гласови.

големи избирачи Доналд Трамп избирачки систем избори САД Хилари Клинтон
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.