Екипи на Министерството за внатрешни работи и на Управата за безбедност и контраразузнавање се на терен на аеродромот Александар Велики каде што имало дојава за бомба во комерцијален лет на компанијата „Туркиш ерлајнс“ во кој требало да патува за Истанбул претседателот Ѓорѓе Иванов, дознаваме од неофицијални извори во МВР.
„Најверојатно нема ништо, иако екипите се уште се на терен и прават проверки. Имало дојава за бомба во авионот, а бил најден и мобилен телефон без сопственик. Дојавата била за комерцијален лет на компанијата „Туркиш Ерлајнс“, со кој требал да патува и претседателот Иванов“, велат нашите извори.
Информациите на НОВАТВ говорат дека дека мобилниот апарат бил пронајден во авионот кој требал да полета за Истанбул, но бидејќи немало сопственик на уредот, пилотот одлучил да не ризикува и се вратил назад.
Како што објави порталот „Плусинфо“ неколку минути пред 22 часот, полицијата и аеродромското обезбедување им дозволило на стотината патници, меѓу нив и македонската делегација на чело со шефот на државата, да влезат во авионот кој после полноќ треба да слета во Турција.
Нашите извори велат дека и покарај тоа што немало никаква опасност, од безбедносни причини било одлучено претседателот Иванов да не лета со авионот и останал во Скопје.
Информацијата за бомбата потекнала од една телевизија која што имала новинар во авионот, најверојатно дел од делегацијата на претседателот. Во паника, новинарот известил за бомбата, велат нашите извори.
Сообраќајот на Александар Велики се одвива нормално и нема никакви ризици, велат извори на НОВА во ТАВ.