Един Џеко беше централна фигура во вечерашните мечеви од петтото коло во Лига Европа. Рома ја совлада Викторија Плзен со 4:1 и се пласира во нокаут фазата на еден меч до крајот на групните обврски во натпреварувањето, а репрезентативецот на БиХ го забележа својот прв хет-трик во дресот на „волчицата“ (11 минута, 61 минута и 88 минута). Третиот гол на „Олимпико“ беше дело на Пероти во 82 минута, почесниот за чешката екипа го постигна Земан во 18 минута. Римјаните се лидери во групата Е со 11 бода пред романска Астра со 7 на која ѝ гостуваат во последната рунда, Австрија Виена има 5, Викторија Плзен е на дното со само три бода и без шанси за прогрес.
Со трите гола против Викторија Плзен вечерва Џеко стана втор стрелец во Лига Европа во оваа сезона. Напаѓачот на „римската волчица“ има вкупно 5 погодоци колку што имаат и Џулијано од Зенит и Теодорчик од Андерлехт. Еден повеќе од нив има Адуриз, играч на Атлетик Билбао.
Манчестер јунајтед направи голем исчекор кон шеснаесетфиналето во Лига Европа. „Црвените ѓаволи“ беа убедливи во дуелот со Феенорд и со 4:0 ги сочуваа трите бода за пробив до второто место во групата А. Руни (35 минута), Мата (69 минута), Џонс (75 минута – автогол) и Лингард (90+2 минута) погодија за домашните кои конечно ги израдуваа своите фанови. Премиерлигашот во последното коло ќе гостува во Одеса, Украина, на екипата на Зорја Луганск.
Лига Европа
Резултати, 5. коло
Група А: Манчестер јунајтед – Феенорд 4:0, Фенербахче – Зорја 2:0: Табела: Фенербахче 10, Манчестер јунајтед 9, Феенорд 7, Зорја 2.
Група Б: Олимпијакос – Јанг Бојс 1:1, Астана – АПОЕЛ 2:1. Табела: АПОЕЛ 9, Олимпијакос 8, Јанг Бојс 5, Астана 5.
Група Ц: Сент Етјен – Мајнц 0:0, Габала – Андерлехт 1:3. Табела: Андерлехт 11, Сент Етјен 9, Мајнц 6, Габала 0.
Група Д: Дандалк – АЗ Алкмар 0:1, Зенит – Макаби Тел Авив 2:0. Табела: Зенит 15, АЗ Алкмар 5, Дандалк 4, Макаби Тел Авив 4.
Група Е: Рома – Викторија Плзен 4:1, Австрија Виена – Астра 1:2. Табела: Рома 11, Астра 7, Австрија Виена 5, Викторија Плзен 3.
Група Ф: Атлетик Билбао – Сасуоло 3:2, Генк – Рапид Виена 1:0. Табела: Генк 9, Атлетик Билбао 9, Рапид Виена 5, Сасуоло 5.
Група Г: Селта – Стандард 1:1, Ајакс – Панатинаикос 2:0. Табела: Ајакс 13, Стандард 6, Селта 6, Панатинаикос 1.
Група Х: Шахтјор Доњецк – Конјаспор 4:0, Гент – Брага 2:2. Табела: Шахтјор Доњецк 15, Брага 6, Гент 5, Конјаспор 1.
Група И: Шалке – Ница 2:0, Краснодар – Салцбург 1:1. Табела: Шалке 15, Краснодар 7, Салцбург 4, Ница 3.
Група Ј: Слован Либерец – Карабаг 3:0, Фиорентина – ПАОК 2:3. Табела: Фиорентина 10, Карабаг 7, ПАОК 7, Слован Либерец 4.
Група К: Спарта Прага – Саутемптон 1:0, Хапоел Бер Шева – Интер 3:2. Табела: Спарта Прага 12, Хапоел Бер Шева 7, Саутемптон 7, Интер 3.
Група Л: Цирих – Вилјареал 1:1, Стеауа – Османлиспор 2:1. Табела: Османлиспор 7, Стеауа 6, Цирих 6, Вилјареал 6