(Видео) Серија А: Гол на Пандев, рутина на Рома, минималец на Јуве

Реализација на капитенот на македонската репрезентација од 45. минута не беше доволна за бод(ови) на Џенова да излез од опасната зона на табелата. Рома славеше на „Луиџи Ферарис“ со 3:1 и ги остави домаќините на претпоследното место со само 14 бода. Јувентус во последниот меч од неделната програма ја совлада Парма со 2:1

Серија А: Рома трипати водеше, Џенова замина со бод од „Олимпико“

Горан Пандев го одигра последните десетина минути, вклучувајќи го и судиското надополнување, во ремито на џеновјаните во Вечниот град. Удинезе претходно го порази бледиот Милан со 1:0 во меч во кој дебитира Илија Несторовски

Трансфер пред полноќ: Рома го продаде Манолас на Наполи за 36 милиони евра

Римјаните беа принудени за продажба на грчкиот дефанзивец до крајот на јуни за регистрација на трансфер во фискалната 2018/19 сезона. На „Сан Паоло“ тој заминува како замена за Раул Албиол кој кариерата ќе ја продолжи во Вилјареал, а во спротивен правец се сели играчот за врска, Амаду Диавара кој моментно е со селекцијата на Гвинеја ја Африканскиот Куп на нации

Рома не се откажува од ЛШ: Флоренци и Џеко го урнаа Јувентус во Рим (Видео)

Римјаните во дербито на 36. коло во Серија А го совладаа Јувентус со 2:0 (полувреме 0:0) и останаа на шестото место со 62 бода колку и петтопласираниот Милан. Пред нив е Интер со бод повеќе, но и меч помалку (утревечер од 21 ч. ќе игра со Киево), а трета е Аталанта со 65

ВАР системот ја спаси Рома: Победнички кам-бек на Раниери на „Олимпико“

„Волчицата“ го совлада Емполи со 2:1 во последниот меч од 27 коло во Серија А. Во 80. минута беше исклучен Флоренци, во 88. минута, по прегледување на снимката, беше поништен израмнувачки гол на гостите поради игра со рака

Порто го остави без работа: Ди Франческо доби отказ, Раниери се враќа во Рома

Раководството на „волчицата“ реагираше експресно и веднаш по враќање на екипата од Португалија му врачи отказ на тренерот. Заклучокот е повеќе од јасен - исцрпени се сите кредити и римјаните немаат перспектива со членот на генерацијата која во 2001 година освои „Скудето“

ВАР пенал пресуди и на „Драгао“: Флоренци му подари четврт-финале на Порто (Видео)

Алесандро Флоренци повлече противнички фудбалер што за турскиот арбитар Чакир, по прегледување на ВАР снимката, беше причина да покаже на белата точка. Сигурен реализатор на најстрогата казна беше Алекс Телјеш во 117. минута