На Фестивалот на мали сцени во Риека, Хрватска, македонскиот актер Никола Ристановски ја освои наградата за најдобра машка улога за неговата изведба во претставата „Животот на Молиер“, во режија на Александар Поповски. За Ристановски, ова е четврта актерска награда на фестивалот во Риека
Наградата за најдобра претстава во целина ја освои претставата „Миранда“ на Градскиот театар од Вилнус, во режија на Оскарас Коршуновас, кој беше прогласен и за најдобар режисер на фестивалот.
Признание за актерските достигнувања доби и Озрен Грабариќ за претставата „Кабаре Брехт – Кариерата на Артуро Уи“.
На 20-тото издание на Меѓународниот фестивал учествуваа 11 претстави од Хрватска, Србија, Словенија и од Литванија.