НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Германија ќе ги штити Уставот од “граѓаните на Рајхот”

0
By Светлана Јовановска on November 25, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Германските власти одлучија дека е време да се борат со движењето “Граѓани на Рајхот” , или на германски “Reichsbürger”, кое го отфрла постоењето на Федералната Република Германија и ги отфрла фундаменталните закони на државата.

Министерот за внатрешни работи Томас де Мезиер и неговите колеги од федералните германски држави ги задолжија службите кои треба да го штитат Уставот да ги контролираат движењата на овие лица кои се сметаат за “граѓани на Рајхот”.

Според статистиките повеќе илјади лица се поистоветуваат со оваа дефиниција.

“Оваа група сериозно се засили во последната година. Одлучивме да ја надгледуваме и тоа е силен знак кој го покажува нашиот капацитет за одбрана на правната држава”, изјави де Мазиер.

Во Германија многумина на ова движење гледаат со потсмев:

“Оние кои сметаат дека “граѓаните на Рајхот” се безопасни кловнови многу се лажат”, вели координаторот на социјал-демократската група во германскиот Парламент.

Постојат повеќе примери кои укажуваат на опасност.

Пред еден месец полицијата отиде во домот на еден граѓанин во Баварска. Човекот имал дозвола за поседување оружје. Но полицијата сметала дека дозволата не е регуларна бидејќи тој одбивал контакт со локалната администрација и сакала да му одземе 31 пиштол и пушки. Тој одбил да ги предаде и пукал на полицијата ранувајќи четворица полицајци од кои едниот починал во болница од зададените рани.

Волфганг П. се сметал себе си како “граѓанин на Рајхот” и побарал да му се одземе германското државјанство што го разбудило сомнежот на администрацијата. За него соседите рекле дека е “малку чуден” но оние кои го познаваат велат дека имал контакти со екстремната десница и бранел антисемитски тези.

И други вакви случаи се најдоа во германските медиуми. Еден пар физички нападнал функционер на општината. Друг човек во ноември годинава ранил двајца полицајци кои дошле кај него со мандат за апсење. Тој го скинал мандатот и пукал на нив.

Според властите, голем број од “граѓаните на Рајхот” поседуваат оружје.

Овие лица често одбиваат да плаќаат даноци и казни. Најголемиот број од овие лица се десни екстремисти, расисти, лица кои ги негираат Холокаустот и постоењето на нацистичките логори на смртта за време на Втората светска војна, тие се често лица кои шират теории на заговор.

Тие ја отрфлаат актуелната федерална држава, сметаат таа е окупирана од странски сили и дека нивна земја е онаа од 1937 година. Имаат креирано и фиктивна држава со посебни лични карти и возачки дозволи.

Да потсетиме дека Рајхот е збор кој означува територија на која суверено владее принц, крал или император. Зборот нема точен превод на македонски јазик. Нацистичкиот режим на Хитлер се нарекуваше Трет Рајх.

“Граѓанин на Рајхот” не значи дека овие луѓе веруваат дека ќе се врати Рајхот кој исчезна во 1945 година. Нивната цел е борба против сегашната демократска држава Германија.

Германија Граѓани на Рајхот екстремна десница Томас де Мазиер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.